Monday, May 13, 2013

Живееме како да сме 15 години постари?


Возрасни лица денес се толку нездрави, што се за 15 години „постари“ од она што на нивна возраст биле нивните родители, баби и дедовци, истакнуваат научниците.
Денешните генерации  се многу поизложени на зголемен крвен притисок, дијабетис и гојазност отколку претходните генерации, истакнуваат холандските научници кои го спровеле истражувањето. Тие подолг период испитувале 6.000 лица на возраст од 20, 30, 40 и 50 години и утврдиле дека младите генерации имаат полошо „метаболичко“ здравје.
- Ќе наведам само еден од примерите. Генерално гледајќи, денешните возрасни луѓе стануваат гојазни на 40 години, додека порано таа граница беше 55 години. Тоа зборува дека тие во свои години се „постари“ од претходните генерации за 15 години. И тоа не е единствен пример, истакна холандскиот експерт Гербен Халсиџ.
Тој вели дека се работи за трендови и дополни дека ефектот од значителното намалување на бројот на пушачи во светот ќе го видиме во годините кои доаѓаат. - Тоа е еден од факторите кои во иднина би можел да го продолжи животниот век на луѓето, пренесува Дејли меил. - Но, наспроти тоа, „епидемијата“ на гојазност може да го забави тоа продолжување на животот, заклучува тој.

unhealthy-life-style

Sunday, May 12, 2013

Топ 10 Ментални Пореметувања - колку може пореметување да се зачини со назив како „топ“


Постојат голем број разни заболувања, девијации и пореметувања во психијатријата. Еве кои се издвоени како најинтересни и најчудни од психијатриската практика:
вонземјанска рака
1. Синдром на "вонземјанска" рака (Др. Стрејнџлав синдром)
Синромот на "вонземјанска рака" е невролошко пореметување во кое едната рака на пациентот како да добива свој живот, независно од неговата волја. Понекогаш личноста која страда од овој синдром може да не биде свесна за тоа што прави "отуѓената" рака, се додека не и се обрне внимание. "Вонземјанската рака" е способна дури да извршува и сложени дејствија како што се откопчување или одстранување на облека.

2. Синдром на странски акцент
Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример  инфаркт.

3. Капграс синдром
Капграс синдромот е ретко пореметување при кое пациентот има илузорна претстава дека некоја негова позната личност, обично близок член на семејството или брачен другар, е заменет со натрапник кој изгледа идентично.
трискаидекафобија
4. Страв од бројот 13 (Трискаидекафобија)
Адолф Хитлер беше трискаидекафобичен. Посебен страв од Петок 13-ти се нарекува параскевадекатриафобија или фригатрискаидекафобија. Тетрафобија е страв од бројот 4 (широко распространет во Кина, Јапонија и Кореја).

5. Преинтензивно вежбање (Бигорексија)
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување при кое пациентот станува опседнат дека не е доволно мускулест. Понекогаш познат под името бигорексија, или обратна анорексија нервоза, ова е многу специфичен случај на телесно дисморфично пореметување (ТДП) .
Мускулната дисморфија може да ги наведе луѓето да:
- Постојано се гледаат во огледало.
- Се растажат доколку пропуштат еден тренинг во теретана.
- Земаат потенцијално опасни дроги (стероиди).
- Ги запостават семејството, работата и врските поради вежбање.
библиоманија
6. Опсесивно собирање книги (Библиоманија)
Библиоманијата е опсесивно-компулсивно пореметување на собирање книги до тој степен што пациентот веќе си ги нарушил здравјето и социјалните односи. Купување на неколку примероци од истата книга и собирање книги вон разумните граници и можности се чести симптоми на библиоманија.

7. Синдром на експлозија во главата
Оние кои страдаат од овој синдром  велат дека повремено слушаат исклучително силен звук во вид на експлозија или рикање кој како да доаѓа од внатрешноста на нивната глава. Ова обично се случува час-два откако ќе заспијат, но не е последица на сонот.
трихотиломанија
8. Трихотиломанија
Трихотиломанија е пореметување на контролата на импулсите, и се манифестира со непрекината потреба да се скубат влакна од косата, трепките, брадата, носот, веѓите, пубичните влакна, како и сите други влакнести места на телото. Трихотиломанијата може делумно да се поврзе и со опсесивно-компулсивно пореметување, со кое споделува сличности, но и разлики.

9. Страв од мажи (Андрофобија)
Андрофобијата е абнормален и постојан страв од мажите. Оние кои страдаат од ова пореметување се чувствуваат анксиозно дури и кога се свесни дека не им се заканува никаква опасност. Андрофобијата е една од бескрајнo можните фобии, и може да се јави како последица од одреден настан, обично трауматично доживување во детството.

10. Глумење болест за да се привлече внимание (Минхаузен синдром)
Кај Минхаузен синдромот, страдалникот се преправа, претерува, или си предизвикува симптоми на одредена болест со цел да добие внимание, симпатија и утеха од страна на медицинскиот персонал. Улогата на "пациент" е позната и пријатна, и ги задоволува психолошките потреби на луѓето со Минхаузенов синдром.
Минхаузен синдром

Парафилии

                             Садизам и Мазохизам

Одделени или заедно сигурно сте слушнале за овие два поими, но да ги објасниме подетално.
 мазохизам 
Садизмот претставува доживување на сексуално задоволство или гратификација при нанесување на болка и страдање на друга личност. Во медицинската класификација сместен е во групата парафилии. Потеклото на зборот е изведено според Французинот Маркиз Де Сад, плоден писател на садистички новели.
Спротивниот поим на садизмот е мазохизмот. Тој претставува доживување на сексуално задоволство при нанесена болка или страдање врз себе од страна на друга личност. Мазохистите најчесто имаат сексуални фантазии или нагони во кои се тепани, врзувани, тортурирани или им е нанесено страдање на било каков начин, или како дополнение или пак како замена за сексуалното задоволство. Името на мазохизмот е изведено исто така од еден автор Леополд фон Захер-Мазох, кој творел во 19 век, а негово најпознато дело е Венера во Крзно во кое се опишани крајно мазохистички теми.
мазохизам 
Во денешно време овие термини вообичаено се користат за опишување на црти на личноста повеќе во емоционална отколку во сексуална смисла. Иако многу поразлична од нивното оригинално значење, оваа употреба не е и целосно неточна. Во најчест случај кон сексуалната желба придружен е и емоционален аспект, кој зема облик на потреба за доминација или субмисија - желба да се контролира или да се биде контролиран од друга личност, во спротивност на простата желба за болка (која технички се нарекува алголагнија).
Вообичаено, постои согласност дека  желбата за доминација или потчинување е всушност главната движечка сила за садомазохизмот, при што давањето или примањето на болка служи единствено како активна стимулација за поткрепување на овие чувства. Овој поглед е подржан од самата природа на садомазохистичкото однесување. Мазохистот, воопштено гледајќи, не доживува задоволство од било каков вид на болка, туку само во контекст кога болката му ја нанесува некој доминирачки авторитет, и обично само таков контекст кој е од сексуална природа. Слично, садистот единствено доживува задоволство кога нанесува болка во услови кога причината е казнување и контрола, и честопати заради индиректното задоволство на мазохистот. Многу садомазохистички активности вклучуваат само умерена болка или нелагодност. Најчесто се фокусирани на играњето улоги.
 играње садистичка улога
Биологијата на Садомазохизмот
Болката, насилството, сексот и љубовта се поврзани со испуштање на цела низа различни хормони и хемикалии во човечкото тело. Уште повеќе, докажано е дека луѓето покажуваат сочувствителни реакции во нивните тела кога гледаат, слушаат или си замислуваат вакви искуства.
  • Нивото на половиот хормон тестостерон може привремено да биде под влијание на улогата која некој ја има при садомазохистичката интеракција. Кај оние со доминантна улога се забележува покачување на нивото на тестостерон, додека кај субмисивните ова ниво се намалува.
  • Под влијание на болката се испуштаат ендорфини кои може да се доживеат задоволувачки па дури и со зависнички потенцијал.
  • При напорот на мускулите се лачи млечна киселина која исто така се доживува задоволувачки.
  • Хемикалиите кои се лачат во мозокот, како што се серотонинот и мелатонинот, може да бидат под влијание на емоционалното и стресно искуство. Ефектите на садомазохизмот врз хемијата на телото во најчест случај се такви што го поткрепуваат ваквото однесување па притоа создаваат и психолошка состојба која бара тоа да се повторува и продлабочува. Според некои автори, прекумерното впуштање во вакви активности може да доведе до силно нарушување на хемискиот баланс во организмот при што се јавува лесна ментална ретардација.
врзување 
Психологија на Садомазохизмот
Термините садизам и мазохизам доследно опишувајќи ги овие однесувања првично беа употребени од германскиот психијатар Рихард Фрајхер фон Крафт-Ебинг во неговата книга Психопатија Сексуалис, славна студија за сексуалната перверзност. Неговиот современик, психоаналитичарот Сигмунд Фројд, забележал дека овие две појави честопати може да се најдат во иста индивидуа, па ги искомбинирал двете во единствен дихотомски ентитет - садомазохизам. Ваквата опсервација на Фројд често е верификувана како во литературата така и во практиката. Уште повеќе, многу садисти и мазохисти се дефинираат себеси како „преклопливи“, односно способни да уживаат и во едната и во другата улога.
И двајцата, Крафт-Ебинг и Фројд, дале претпоставка дека садизмот кај мажите настанува со дисторзија на агресивната компонента содржана во машкиот сексуален нагон. Е сега, од аспект на нарушување, мазохизмот кај мажите бил разгледуван како многу позначајно отстапување, кое е во спротивност со машката сексуална природа. Фројд се сомневал дека мазохизмот кај мажот во било која варијанта може да постои како примарна тенденција, па сметал дека тој може да постои единствено како трансформација на садизмот. Садомазохизмот кај жените, барем во овој период, не добил големо внимание во дискусиите на научните кругови, затоа што се сметало дека тој претежно се појавува кај мажите. И двајцата сметале дека мазохизмот е толку нераздвоен од женската сексуалност што би било тешко да се направи посебна склоност.
врзување очи 
Хавелок Елис, во своите Студии за Психологијата на Сексот, дискутира дека нема јасна дистинкција помеѓу аспектите на садизмот и мазохизмот, па тие треба да се гледаат како комплементарни емоционални состојби. Тој исто така поентира дека поврзаноста на садомазохизмот со болката е само во однос на сексуалното задоволство, а не во врска со суровоста, како што претпоставил Фројд. Со други зборови, садомазохистот посакува болката да ја нанесува или да му биде нанесена заради љубов, а не заради злоставување, со цел задоволство кај едниот или двата учесници во садомазохистичкиот акт. Ова заедничко задоволство може дури да биде и неопходно за вклучените во тој акт да бидат сексуално задоволени.
Во оваа точка Елис ја допира често парадоксалната природа на консензуалниот садомазохизам. Не само што е потребна болката за да предизвика задоволство, туку и насилството - или стимулацијата на насилството - е потребно за да се изрази љубов. Овој контрадикторен карактер на садомазохистичкиот акт можеби најдобро се гледа преку нотацијата на многумина дека не само што садомазохистичките активности обично се прават на барање на мазохистот, туку и дека најчесто мазохистот е оној кој што ги контролира, преку суптилни емоционални знаци кој ги прима садистот.
садомазохистички љубовници 
Во својот есеј Студенилото на Суровоста, Жил Делуз го оспорува терминот „садомазохизам“ како вештачки, особено во контекст на прототипното мазохистичко дело на Захер-Мазох, Венера во Крзно. Наместо тоа, смета Делуз, објаснувањето за тенденцијата кон мазохизмот лежи во желбата која се јавува заради одложената гратификација. Ако се доведе до екстремни граници, како своевидно бесконечно одлагање, тоа се манифестира како вечно студенило. Мазохистот влече задоволство од, како што вели Делуз, Договорот: процесот преку кој тој може да контролира друга индивидуа и да ја претвори во некој студен и груб. Садистот пак, од друга страна, влече задоволство од Законот: неизбежната моќ која става една личност над друга. Садистот се обидува да го уништи егото во напор да ги соедини идот и суперегото, со цел задоволување на најбазичните желби кои може да ги изрази еден садист игнорирајќи ја или целосно потиснувајќи ја волјата на егото, или таа на свеста. Така, Делуз се обидува да покаже дека Садизмот и Мазохизмот се издигаат од толку различни импулси што комбинацијата од двата термина е безначајна и не носи во заблуда. Перципираните садистички способности на мазохистите според Делуз се реакција на мазохизмот. Навистина, во епилогот на Венера во Крзно, ликот на Северин станува огорчен од неговиот експеримент со мазохизмот, и на крај силно се залага за доминација врз жените.
 врзан маж
Многу теоретичари, особено застапниците на феминистичките теории, сметаат дека садомазохизмот е нераздвоен дел од нашата култура. Според овие теории, и сексот и врските постојано се учи да се формулираат во рамки на машка доминација и женска субмисивност. Некои од нив одат понатаму па ја поврзуваат оваа теза за хипотетичката рамка со нееднаквоста меѓу половите, класите и расите која останува значаен дел од општеството, и покрај напорите на движењата за граѓански права и феминизмот. Како и да е, степенот до кој овие влијание реално ја тангираат сексуалноста, било свесно или несвесно, е непознат, па валидноста на оваа теорија за социјално-обусловен женски мазохизам е многу сомнителна.
 Гвинет Полтроу
Постојат многу причини кои обично се даваат како објаснување зошто садомазохистите уживаат во практикувањето на таквите акти, кои главно зависат од индивидуите. За некои, играњето улога на подаништво и беспомошност им нуди една форма на терапевтско бегство, од стресовите во животот, од одговорноста, од вината. За други, да се биде под моќта на силно, контролирачко присуство може да евоцира чувства на сигурност и заштита асоцирани со детството. Тие исто така може да се здобиваат со задоволство од добивањето на одобрение од таа фигура. Садистот пак, од своја страна, може да ужива во чувството на моќ и авторитет кое доаѓа од играњето на доминантната улога или да се здобива посредно со задоволство преку страдањето на мазохистот. Сепак, мора да се признае дека недоволно е објаснето што точно ги поврзува овие емоционални искуства со сексуалната гратификација, или како таа врска иницијално се создава.
 садомазо
Меѓу психолозите обично постои согласност дека искуствата во раниот сексуален развој може да имаат значаен ефект врз карактерот на сексуалноста подоцна во животот. Па сепак, мора да се истакне дека садомазохистичките желби се формираат на различни возрасти. Некои индивидуи кажуваат дека ги имале уште и пред пубертетот, додека други ги откриле кај себе дури во многу подоцнежна возраст. Според една студија, главнината на мажите садомазохисти (53%) го развиле својот интерес пред 15 годишна возраст, додека главнината на жените (78%) ги развиле своите интереси подоцна (студијата е на Бреслоу, Еванс и Лангли од 1985 година). Како и сексуалните фетиши, садомазохизмот може да се научи преку условување, во овој контекст, повторувањето на асоцијативната врска на сексуалното задоволство со некој објект или стимул.
садомазохизам 
Садизмот и мазохизмот во реалниот живот
Терминот Садомазохистички Акт во реалноста ги опишува вообичаените активности меѓу две согласни возрасни единки кои содржат садистички и мазохистички елементи. Многу однесувања како што е еротското плескање и љубовните гризнувања за кои многу луѓе сметаат дека не се ништо повеќе од малку „погруб“ секс исто така содржат елементи на садомазохизам.
Во некои екстремни случаи, садизмот и мазохизмот може да вклучуваат фантазии, сексуални нагони или однесувања кои може да предизвикаат значајно растројство или оштетување на социјален, професионален и друг план од функционирањето на индивидуата, до точка кога тие може да се сметаат за дел од ментално нарушување. Како и да е, ова не е многу честа појава, па психијатрите во денешно време се повеќе склони да гледаат на садизмот и мазохизмот не како на нарушувања сами за себе, туку само како нарушувања кои се поврзани со други проблеми и нарушувања на личноста.
садомазо криминал 
Садизмот како мотивација за криминал
Сосема мал број на индивидуи со нарушување прават криминални дела со силен садистички елемент. Ова генерално се смета дека е последица на нарушувања во личноста. Многу сериски убијци имале силни садистички елементи во својата личност. Во поново време има теории кои се обидуваат да докажат дека многу од овие нарушувања во личноста биле предизвикани од оштетувања во мозокот.
 врзана со ланец

Бидете дивергентни!


                                          КОНВЕРГЕНТНО И ДИВЕРГЕНТНО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Конвергентното и дивергентното размислување претставуваат два различни начини на гледање на светот.
 лавиринт на мислата
 Оној што мисли конвергентно гледа ограничен, предетерминиран број на опции. Спротивно на тоа, дивергентниот мислител секогаш бара уште опции. Повеќето луѓе заглавуваат во конвергентно мислење, па не успеваат да ги согледаат многуте можности кои им се на располагање.
конвергентно и дивергентно размислување
Конвергентно размислување
Конвергенција е збор кој означува взаемно приближување или стремеж кон иста цел. Поимот конвергентно размислување го сковал Џ.П. Гилфорд со намера да го означи спротивното од дивергентното размислување. Означува способност да се даде „точен“ одговор на стандардизирани прашања за кои не е потребна позначајна креативност. Овој начин на размислување е карактеристичен кога треба да дадеме одговор на прашање со неколку понудени одговори (иако, во животот, честопати гледаме само два избори). При конвергентното размислување, се фокусираме на ограничениот број на алтернативи како можности. Потоа, го избираме „точниот“ одговор или однесување кое ни го нудат понудените опции.
конвергентно и дивергентно размислување 
Да дадеме пример: „Луѓето или се здрави или се болни“. Конвергентното размислување ни ги нуди само овие две опции. Па така, ако наутро се разбудите и не се чувствувате баш најдобро, тогаш мора да сте болни. Ваков тип на „дилеми“ ни биле наметнати или самите сме си ги наметнале многупати во животот.
Секако дека не треба да се негира вредноста на конвергентното размислување. Тоа е особено значајно во математиката и науката воопшто. На пример, ако треба да одговориме на прашањето „Колку е 2+2?“, секако дека би изгубиле многу време ако сме „отворени“ за други опции освен одговорот „4“.
конвергентен пентаграм 
Но, да се размислува конвергентно во сите области и за сите прашања несомнено може да ни зададе голем број проблеми и „страдања“ по точниот одговор. Како на пример ако си помислиме „На новото работно место, или ќе ми биде супер или ќе ми биде ужасно“. Ако ова се сите опции кои ги гледате, бидете уверени дека реалноста непријатно ќе ве изненади. Ќе се осудите себеси на ситуација во која слабо се снаоѓате. Ограничените опции, и само еден точен одговор, не се применливи насекаде. Затоа, треба да внимавате кога и како го користите конвергентното размислување.
ограниченост 
Дивергентно размислување
Поимот дивергенција значи „развој во различни правци“, а дивергентното размислување го отвара вашиот ум во сите насоки. Тоа ви отвара нови можности во животните ситуации затоа што ве води кон разгледување на опции кои отпрво можеби и не се толку очигледни. Како такво е во самата основа на креативното размислување и сосема спротивно на конвергентното.
дивергентно размислување 
Оној кој што размислува дивергентно бара опции, наместо да избира од неколку предодредени. Па така, во погорниот пример, не би имале само можности „болен“ или „здрав“, туку би се запрашале дали е возможна алтернативата истовремено да сме болни и здрави. Ова може да звучи контрадикторно, но само ако размислуваме предоминантно конвергентно. Дивергентното размислување ни нуди можност за откривање нови хоризонти, нови опции и ги разгледува опциите кои можеби се најблиску до реалноста.
 дивергентно размислување
Ако сте предоминантно дивергентен мислител, тогаш најверојатно тоа ви се случува спонтано и со леснотија, чувствувајќи како ви се раѓаат голем број идеи чија „точност“ ја проверувате за кратко време притоа поврзувајќи некои работи на неочекуван начин. Интересно, когнитивниот процес функционира на тој начин што кога дивергентното размислување ќе заврши, идеите и информациите до кои сте дошле ќе бидат организирани и структурирани со помош на конвергентното размислување.
Психолошките истражувања утврдиле дека високата интелигенција, иако ако е присутна ја засилува, не е гаранција за присуство на креативноста. Многу позначајна улога имаат некои личносни карактеристики кои го унапредуваат дивергентното размислување. Најважните меѓу нив се неконформизмот, љубопитноста, подготвеноста на ризици и упорноста.
 девојка во зебра шара
Запрашајте се и вие кој начин на размислување е подоминантен кај вас. Ако е тоа конвергентниот, тогаш обично во ситуациите гледате или сакате да видите ограничен број на опции наместо да бидете отворени кон нови можности. Ако тоа не е она што го посакувате, туку би сакале да ја промените тенденцијата во вашиот когнитивен процес кон дивергентна, вложете напор со вежби да го сторите тоа.
креативна задлабоченост
На пример, кога пред вас ќе се исправи некоја ситуација и треба да оформите мислење за нешто или некого, обрнете внимание дали си наметнувате ограничен број на опции или одите во ширина. Односно, обидете се да бидете посвесни за вашиот начин на размислување. Пред да донесете конечен суд, запрашајте се дали сте сигурни во тоа, па ако одговорот не е потврден, без задршка побарајте нови опции.
креативни вештини 
За да го развиете дивергентното размислување може да ви помогне и ако водите дневник, се бавите со уметност, медитирате, практикувате брејнсторминг или пак слободно пишување (пишувате што ќе ви дојде на ум во одреден временски период без оглед на граматички или печатни грешки, тема и слично). Едноставно, отворете го умот и видете каде ќе ве одведе неговата мисла!
 креативно размислување
„Украина има талент“ - шоу

За сите љубители на добрата музика и убавината која со себе ја носат вистинските изведувачи како дечкиве. Секоја чест!